
Системот „Безбеден град“ регистрираше вкупно 651 сообраќаен прекршок вчера, соопшти Министерството за внатрешни работи. Меѓу најчестите прекршоци се возење со прекумерна брзина – регистрирани се дури 585 случаи, додека 50 возачи минале на црвено светло, а 16 управувале нерегистрирани возила.
Од МВР информираат дека поради овие прекршоци, на 58 возачи им е изречена забрана за управување со моторно возило.























