УТРО.мк

Техеран се заканува: САД да не се подготвуваат за напад – во спротивно следи удар врз Израел

Техеран се заканува: САД да не се подготвуваат за напад – во спротивно следи удар врз Израел
Vero

Техеран се наоѓа во состојба на висока подготвеност за воен конфликт, предупреди поранешниот секретар на иранскиот Совет за национална безбедност, Али Шамкани, во интервју за блискоисточниот канал Ал-Мајадин. Според него, секој потенцијален напад врз Иран од страна на САД ќе предизвика жесток одговор, кој, како што рече, неизбежно ќе ја вклучи и соседната држава Израел.

„Подготвени сме за можна војна. Ако САД нападнат, ние сигурно ќе го нападнеме Израел. Нашите непријатели мислат дека можат да го проголтаат Иран, но тоа ќе им се врати како залак заглавен во грлото,“ изјави Шамкани, додавајќи дека Иран не бара конфликт, но ќе одговори ако неговата територија биде нападната.

Во интервјуто, Шамкани истакна дека секој напад врз Техеран би можел да предизвика поширок регионален конфликт. Тој го поврза одбранбениот став на Иран со неговата поддршка на движењата на отпорот во Блискиот Исток, нагласувајќи дека притисокот врз земјата е директна последица на нејзината улога во регионалните прашања. Осврнувајќи се на можноста за разговори со Вашингтон, тој изјави дека преговори се возможни само доколку САД се откажат од заканите и политиката на притисок. Притоа, тој беше категоричен дека агендата на таквите разговори не може да се прошири надвор од рамките на нуклеарната програма.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран