
Рано утринава во солунското предградие Синдос, градски автобус што бил во сообраќај одеднаш се запалил, јавува грчкиот весник „Катимерини“.
Инцидентот се случил додека возилото се движело по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони, а пламенот брзо го зафатил автобусот. Благодарение на навремената реакција, сите патници заедно со возачот успеале безбедно да се евакуираат, без пријавени повреди. И покрај интервенцијата, огнот целосно го проголтал возилото, кое изгорело до темел.























