
Градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, денеска оствари средба со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.
На средбата беа разгледани прашања од заеднички интерес, со посебен акцент на институционалната соработка и можностите за промоција и унапредување на спортот во Општина Брвеница. Во фокусот беа и конкретни чекори за поддршка на младите спортисти, како и развојот и подобрувањето на спортската инфраструктура во општината.























