
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информираше дека денеска остварил средба со продуцентот на филмот „Приказната за Силјан“, Јорданчо Петковски, по повод вечерашната премиера на филмот во Битола.
Како што истакна Коњановски, особена чест претставува фактот што филмот на режисерката Тамара Котевска својата премиера ќе ја има токму во Битола, во Центарот за култура. Според неговите зборови, премиерата ветува уникатно и збогатувачко искуство за љубителите на кинематографијата, нудејќи поинаков и интригантен пристап кон светот на „Силјан“.























