УТРО.мк

Проданоски најави модернизација на градскиот пазар во Прилеп

Проданоски најави модернизација на градскиот пазар во Прилеп
Vero

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска, на пазарен ден, заедно со директорот на ЈКП „Пазари“, изврши обиколка на градскиот пазар и оствари директни разговори со сограѓаните и пазарџиите.

Градскиот пазар во Прилеп се простира на површина од околу 5.000 квадратни метри и располага со 365 тезги, што го прави едно од најзначајните места за секојдневна трговија и социјален живот во градот.

Во изминатите два месеци, како што информираше Проданоски, успешно е завршено санирањето и комплетното препокривање на околу 400 квадратни метри од покривот на почетниот дел од пазарот, каде што со години постоел сериозен проблем поради нефункционалната кровна конструкција.

Општината, заедно со надлежните служби, разгледува повеќе идеи и можности за целосна реконструкција и модернизација на пазарот, со цел создавање подобри, побезбедни и поквалитетни услови за работа и престој.

Градоначалникот истакна дека Општина Прилеп останува посветена на унапредување на јавната инфраструктура и континуирана поддршка на локалната економија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран