Орце Ѓорѓиевски одржа средба со граѓаните во Волково, општина Ѓорче Петров, каде што заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, изрази благодарност за масовната поддршка и топлиот прием.

„За мене е огромна чест да бидам меѓу народот, со луѓе кои веруваат, кои знаат да препознаат чесна работа, искрена намера и вистинска посветеност“, рече Ѓорѓиевски пред присутните, нагласувајќи дека поддршката што ја добиваат градоначалникот Александар Стојкоски и пратеникот Бојан Стојаноски е потврда дека се движат по вистинскиот пат.

Тој посочи дека Ѓорче Петров денес е променета општина – променета на подобро, благодарение на проекти што се реализираат со срце и душа за секое населено место, вклучувајќи ги Волково, Даме Груев, Никиштани и Стопански двор.

„Секое населено место заслужува уште повеќе. Поддршката нема да изостане – од мене ќе ја имаат секогаш. Ќе имаат вистински партнер и пријател“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека „Скопје победува, Ѓорче победува, а најдоброто допрва доаѓа“.
