УТРО.мк

Тајван се подготвува за најлошото: Воена вежба од невиден обем, целиот остров учествува

Тајван се подготвува за најлошото: Воена вежба од невиден обем, целиот остров учествува
Vero

Во средината на јули, улиците на Тајпеј беа претворени во сцена на воен сценарио – седум милиони жители тренираа евакуација со оглушителни сирени, скривале во подземни гаражи, а стадиони и училишта беа трансформирани во центри за итна помош и оперативни сали.

Ова е дел од најголемите досега одржани одбранбени вежби на Тајван – „Han Kuang 2025“ – кои траеја десет дена и вклучија 22.000 резервисти. За разлика од претходните години, кога фокусот беше само на евакуација, годинава се вежбаа сценарија за вистинска војна – од кибер напади, до урбано војување и одбрана по евентуално кинеско искрцување.

„Кога ќе се случи нешто, мораме точно да знаеме што да правиме“, изјави Ли Џувен, претставничка на локалната управа.

Новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те, го гледа зајакнувањето на одбраната како главен приоритет, и тоа во согласност со притисокот од САД да се зголеми воениот буџет до 10% од БДП. Американски воени советници веќе учествуваат во подготовките, вклучително и во обука за отпор против „сивите закани“ – саботажи, дезинформации и психолошка војна.

Во урбаните симулации, тајванската војска превезуваше ракетни фрлачи низ метрото, мостови беа блокирани со бодликава жица, а се користеше и новото американско оружје – HIMARS системи и тенкови „Абрамс“.

Претседателот Лаи предупреди дека островот мора да се бори не само со нападот, туку и со дефетизмот што го шири кинеската пропаганда. „Немаме друг избор освен да бидеме подготвени“, рече тој.

Кина ги осуди вежбите како „воено театарство“ и го обвини Тајпеј дека го турка народот во војна. Но, дури и кинеските аналитичари признаваат: Тајван покажува волја да се бори „до последниот здив“ – сè додека не пристигне помошта од сојузниците.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран