УТРО.мк

Нов удар за Украина и Зеленски: Путин издаде клучна наредба – започнуваат подготовките!

Нов удар за Украина и Зеленски: Путин издаде клучна наредба – започнуваат подготовките!
Vero

Путин даде инструкции – Русија преминува на целогодишна мобилизација

Руската Дума, долниот дом на парламентот, поднесе предлог-закон со кој се предлага значајна измена во системот на регрутација – мобилизацијата на војници повеќе да не биде сезонска, туку да трае во текот на целата календарска година.

Во образложението на законскиот предлог се наведува:

„Се предлага измена на пристапот кон регрутацијата на граѓаните за воена служба, со утврдување дека таа ќе се спроведува во текот на целата календарска година – од 1 јануари до 31 декември – врз основа на указ од претседателот на Руската Федерација.“

Оваа законска иницијатива е директна имплементација на инструкциите на претседателот Владимир Путин, издадени на 6 јуни 2025 година, и има за цел да ја зајакне и поефикасно да ја организира регрутацијата на воен персонал во услови на продолжен воен конфликт.

Русија, која се соочува со сериозни човечки загуби во војната во Украина, настојува да ги пополни своите редови не само преку домашна мобилизација, туку и со ангажирање странски борци, на кои им нуди мотивациски бенефиции, како што е руско државјанство.

Во моментов, мобилизацијата се спроведува во два бранови – пролетен и есенски. Но, со предложените измени, иако најголемиот дел од регрутите и понатаму ќе се повикуваат во два главни периода (од април до јули и од октомври до декември), мобилизацијата технички ќе биде дозволена во текот на целата година.

Зад предлогот стојат влијателните пратеници Андреј Картаполов, претседател на Одборот за одбрана, и неговиот заменик Андреј Красов, што укажува дека законот има силна поддршка од Министерството за одбрана. Независните руски медиуми, повикувајќи се на информации пренесени од Kyiv Independent, сметаат дека законот речиси сигурно ќе биде усвоен.

Пролетната сесија на руската Дума завршува на 23 јули, а се очекува предлогот да биде изгласан наесен и да стапи на сила на 1 јануари 2026 година.

„Дополнително, се предлага испраќањето на граѓаните на местата за извршување воена служба да се врши врз основа на претседателски указ“, стои во натамошното образложение на нацрт-законот.

Според податоците на украинската армија, од почетокот на целосната руска инвазија на 24 февруари 2022 година, Русија има загубено над 1.045.220 војници. Иако официјална Москва не објавува податоци за бројот на загинати, независната новинарска платформа Медуза има потврдено имиња на најмалку 119.154 загинати руски војници.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран