УТРО.мк

Украинскиот генерал со план за победа: „Трамп мора да дозволи удари во срцето на Русија“

Украинскиот генерал со план за победа: „Трамп мора да дозволи удари во срцето на Русија“
Vero

Врховниот командант на украинските вооружени сили, генерал Олександр Сирски, испрати јасна порака до САД и Европа – Украина има план за победа, но потребна е итна воена поддршка и укинување на ограничувањата за напади длабоко на руска територија. Во интервју за „Вашингтон пост“, Сирски нагласи дека без напредни системи за противвоздушна одбрана и ракети со долг дострел, земјата не може ефикасно да се брани од руските напади.

„Русија секоја ноќ ја бомбардира цивилната инфраструктура со стотици дронови и балистички ракети. Мора да имаме средства да возвратиме и да ги спречиме новите напади“, изјави Сирски, потенцирајќи ја потребата од ракети како американските ATACMS и германските Taurus, кои би овозможиле удари врз руските воени капацитети.

Генералот посочи дека надежта сега е насочена кон новата политика на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави можност за олеснување на набавките на оружје и притисок врз Москва. „Се надевам дека со ставот на Трамп овој процес ќе биде полесен одошто беше досега“, рече Сирски.

Дополнително, Сирски предупреди дека Украина се соочува со сериозни проблеми на фронтот – недостаток од артилериски гранати, оклопни возила и човечки ресурси. Според него, мотивирањето на нови регрути е тежок предизвик, особено поради постојаните руски напади врз мобилизациските центри и пропагандната војна.

Во текот на изминатата година, Сирски предводеше ризична операција во руската област Курск, каде украинските сили привремено зазедоа над 1.300 квадратни километри. Иако подоцна беа потиснати, операцијата, според Сирски, значително ја нарушила руската офанзива.

Во пресрет на својот 60-ти роденден, генералот не размислува за пензија. „Мојата мисија не е завршена. Сè додека можам, ќе бидам со војниците на фронтот“, изјави тој.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран