Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, на покана на турскиот амбасадорот , Н.Е. Фатих Улусој, оствари средба во неговата резиденција. Оваа средба претставува продолжение на веќе воспоставената комуникација меѓу градоначалникот Ѓорѓиевски и амбасадорот Улусој, која и досега се развиваше во духот на заемно почитување и отвореност за соработка.

Во разговорот беа разгледани потенцијални области за заедничко делување, а се дискутираше за можностите за понатамошна соработка. Градоначалникот Ѓорѓиевски се осврна и на улогата на локалната власт како најнепосредна алка до граѓаните, потенцирајќи дека ваквите меѓународни средби отвораат реални можности за реализација на проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот во општинитеМу се заблагодари на амбасадорот Улусој за поканата и за досегашната поддршка, со надеж за понатамошно унапредување на пријателските односи.

-Со амбасадорот Улусој веќе имаме воспоставена конструктивна и пријателска комуникација која се гради врз заемна доверба и отвореност. И оваа средба беше одлична можност да продискутираме за идни насоки на соработка. Верувам дека токму преку вакви меѓународни партнерства можеме да обезбедиме конкретна поддршка за реални проекти кои ќе им служат на граѓаните, во сите сегменти -изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
