УТРО.мк

Меџити: Околу 1 милион евра за Саат Кула – инвестираме таму каде што со години се чекало

Меџити: Околу 1 милион евра за Саат Кула – инвестираме таму каде што со години се чекало
Vero

Министерот за животна средина и просторно планирање и прв вицепремиер, Изет Меџити, најави значаен инфраструктурен проект вреден околу 1 милион евра во населбата Саат Кула во Чаир. Станува збор за изградба на нова водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација – проекти кои конечно решаваат децениски проблеми и носат подобар живот за над 2.000 жители.

„Претходната власт ја имаше заборавено оваа населба. Ние инвестираме таму каде што има реална потреба – во виталната инфраструктура без која нема достоинствен живот. Како министер сум секојдневно на терен и работам на секој проект што носи вистинско подобрување за граѓаните,“ изјави Меџити.

Проектот ги опфаќа деветте улици: 157, 397, 2, 1, 178, 156, 374, 150 и 177. Овие инвестиции, според Меџити, не се само слики за кампања, туку конкретни дела што секојдневно се чувствуваат и гледаат.

„Чаир го заслужува најдоброто – достоинство и развој. Затоа продолжуваме со повеќе работа и помалку бучава,“ порача вицепремиерот Меџити.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран