Германскиот угостителски сектор забележа краткотрајно закрепнување околу велигденските празници, но веќе во мај се соочи со нов пад, објави националната статистичка служба Дестатис. Приходите во хотелите и рестораните се намалија за сезонски прилагодени 2,2 проценти во однос на претходниот месец, а кога ќе се исклучи инфлацијата, падот достигна дури 4,6 проценти. Споредено со мај минатата година, приходите се намалија за четири проценти.
Најголеми загуби забележаа рестораните и баровите со пад од 4,9 проценти, додека хотелите и сместувачките капацитети регистрираа намалување од точно четири проценти. Иако април донесе раст поради празничните патувања и посети на ресторани, целокупниот тренд останува негативен.
Секторот бележи реални загуби уште од минатата година, бидејќи номиналниот раст во приходите е главно последица на инфлацијата. Во обид да се поддржи угостителството, германската влада од 1 јануари годинава планира трајно да го намали данокот на додадена вредност за храната во рестораните од 19 на 7 проценти, но останува неизвесно колку од оваа олеснување ќе се одрази врз цените за потрошувачите, поради растот на другите трошоци.