Во рамки на Оперативниот план на Владата за вработување, 300 невработени лица од ранливите категории ќе можат да аплицираат за општинска корисна работа. Јавниот повик е отворен до 8 август, а работата ќе биде платена по 28.000 денари месечно во период од 18 месеци, со вклучено осигурување и данок.
Ангажираните ќе обезбедуваат социјални и здравствени услуги на локално ниво. Министерството за економија информира дека има голем интерес за мерките од Оперативниот план, особено за самовработување и кредитирање бизниси, додека во моментов се врши селекција на пријавените кандидати.