УТРО.мк

Се затвора една од најпознатите пиварници

Се затвора една од најпознатите пиварници
Vero

Падот во потрошувачката на пиво и намаленото производство ја погодија и една од најтрадиционалните германски пиварници – Етингер, која објави дека до пролетта 2026 година ќе го затвори својот објект во Брауншвајг, Долна Саксонија.

Фабриката, основана уште во 1871 година, ќе го прекине производството, а дел од работниците – околу 150 – ќе бидат префрлени во компанија за трансфер, каде ќе останат вработени на привремена основа. Само ограничен број позиции во логистиката и управувањето со материјали ќе останат во градот.

Од компанијата велат дека причината е „намалена искористеност на постројките“, како резултат на деценискиот пад на пивската индустрија во Германија. Продажбата на пиво во Етингер се вратила на нивото од пред повеќе од две децении.

Производството ќе се пресели на локациите во Отинген и Менхенгладбах, а компанијата додава дека затворањето е дел од неминовен процес за намалување на вишокот капацитет.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран