УТРО.мк

Се намалува прекувремената работа во Германија: Сè помалку вработени остануваат по работно време

Се намалува прекувремената работа во Германија: Сè помалку вработени остануваат по работно време
Vero

Прекувремената работа во Германија е во опаѓање, покажуваат најновите податоци на германскиот статистички завод Дестатис. Само еден од девет вработени – околу 11% од вкупно 39,1 милиони – минатата година редовно работел повеќе од договореното работно време.

Иако бројката е за 200.000 повисока од претходната година, трендот покажува дека прекувремената работа станува сè поретка. Мажите работат прекувремено почесто од жените – 13% наспроти 10%.

Повеќето вработени (71%) ги евидентираат прекувремените часови преку службени програми, што често резултира со дополнителни слободни денови. Само 16% добиваат паричен надомест, додека 19% работат прекувремено без никаков надомест – процент што е во благ пораст.

Речиси половина од оние што работеле прекувремено (45%) додале помалку од пет часа неделно, а 15% пријавиле преку 15 часа дополнителна работа неделно.

Најмногу прекувремена работа има во финансискиот и осигурителниот сектор, додека најмалку е застапена во угостителството.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран