Професорот Бесник Телаи остро реагираше на одлуката на ДУИ да го кандидира Бујар Османи за градоначалник на општина Чаир на претстојните локални избори, оценувајќи ја како сериозна политичка грешка на лидерот на партијата, Али Ахмети.
Во објава на социјалните мрежи, Телаи ја нарече кандидатурата „кикс на Али“, додека за опозициската коалиција ВЛЕН рече дека ова е вистински „бингo момент“. Според него, со ваков потег, ДУИ ризикува да го изгуби влијанието во една од своите најважни општини, додека ВЛЕН ќе добие сериозен политички замав.
„Кандидатурата на Османи не е вистинскиот одговор на барањата на граѓаните во Чаир. Оваа стратегија е погрешна и ќе има последици за ДУИ“, напиша Телаи.
Ова е едно од првите јавно изнесени критички мислења од интелектуална фигура за најновата кадровска одлука на ДУИ, која веќе предизвикува бурни реакции на албанската политичка сцена во Македонија.