УТРО.мк

Пожар на туристички брод во Макарска – повредени двајца членови на екипажот

Пожар на туристички брод во Макарска – повредени двајца членови на екипажот
Vero

Туристички брод се запалил утринава околу 8:20 часот во пристаништето во Макарска, откако избувнал пожар во кујната, јавуваат регионалните медиуми.

Брзата интервенција на екипажот и противпожарните служби спречила поголема трагедија, а огнот бил ставен под контрола за кратко време. Според информациите од сплитско-далматинската полиција, повредени се двајца членови на екипажот, хрватски државјани, на кои им е укажана медицинска помош.

Во моментот на избувнувањето на пожарот на бродот имало туристи, но никој од нив не е повреден.

Во тек е увид на местото на настанот, а причините за пожарот сè уште се истражуваат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран