Осумдесетгодишен маж, државјанин на Македонија, вчера попладне бил пронајден во безсознание на плажата Каријани, во грчката општина Паџао.
Како што соопшти крајбрежната стража, на лицето веднаш му била укажана прва помош, а потоа со возило на брзата помош (ЕКАБ) бил префрлен во Општата болница во Кавала. Таму, за жал, била констатирана смрт.
Централната пристанишна управа на Кавала го води прелиминарниот увид и нареди обдукција, која ќе се изврши во Судско-медицинската служба на Тракија. Причините за смртта сè уште не се познати.