УТРО.мк

Деца со алкохолно труење завршија на токсикологија – продавачката со кривична пријава

Деца со алкохолно труење завршија на токсикологија –  продавачката со кривична пријава
Vero

Две малолетни лица од Струга завршија на токсикологија поради тешко алкохолно труење, откако без проблем купиле алкохол од локална продавница за пијалоци. По пријавата од Медицинскиот центар во Струга на 26 мај, полицијата започна истрага која откри дека сопственичката на дуќанот, 49-годишната П.С., и нејзината 27-годишна вработена М.М., се осомничени за кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“.

Децата, веднаш по приемот во медицинскиот центар, биле префрлени на токсикологија, каде што изјавиле дека алкохолот го набавиле од оваа продавница. Министерството за внатрешни работи ги информира дека против сопственичката и вработената се поднесени кривични пријави, со цел да се спречат вакви случаи во иднина и да се заштитат малолетниците од ризичното консумирање алкохол.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран