УТРО.мк

Пожар избувна над езерото Длабочица: Тешко достапен терен го отежнува гасењето

Пожар избувна над езерото Длабочица: Тешко достапен терен го отежнува гасењето
Vero

Над езерото Длабочица избувна пожар во стара борова шума, на тешко пристапен и непристапен терен. Екипи на Национални шуми се веќе на пат кон местото на настанот, а кон теренот е упатена и дополнителна екипа од ТППЕ Струга.

Откако ќе пристигнат на лице место и ќе направат увид, ќе се процени евентуалната потреба од дополнителни ресурси и поддршка за гасење на огнот. Засега пожарот го отежнува недостапниот терен, но тимовите се максимално ангажирани за негово брзо локализирање и гасење.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран