УТРО.мк

Тетовската полиција ги чешла казината – поднесена кривична пријава

Тетовската полиција ги чешла казината – поднесена кривична пријава
Vero

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – друштво за туризам, угостителство и услуги од Скопје, како и против 25-годишниот А.М. од Охрид, вработен во истото друштво, под сомнение за сторено кривично дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“.

На 29 јануари 2025 година, при заедничка контрола во казино лоцирано во село Боговиње, тетовско, претставници на Управата за јавни приходи – Тетово, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат утврдиле неправилности во користењето на софтверска лиценца на еден од компјутерите.

Според утврденото, на уредот биле инсталирани два сервисни тага со сомнителна лиценца за програма која е пронајдена на 16 различни клубови низ државата. Меѓутоа, според легалните услови, лиценцата смеела да биде инсталирана само на еден уред.

Случајот е пријавен до надлежното обвинителство, а истрагата продолжува.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран