Тетовската полиција пријави сообраќајна несреќа што се случила на 23 јули 2025 година во 10 часот на крстосницата меѓу улиците „Илинденска“ и „ЈНА“ во Тетово.
Во несреќата учествувал 49-годишниот М.Р. од Тетово, кој управувал мотоцикл марка „Хонда“ со тетовски регистарски таблички. Според пријавата, тој излетал од коловозот и притоа се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово, а причините за несреќата се предмет на понатамошна истрага.