УТРО.мк

Скопјанец нападнат со остар предмет во стан во Кисела Вода

Скопјанец нападнат со остар предмет во стан во Кисела Вода
Vero

На 23 јули 2025 година, во 12:20 часот, во СВР Скопје е пријавен физички напад што се случил околу 11:00 часот во стан на подрачјето на Кисела Вода.

Пријавата ја поднел 36-годишниот А.А. од Скопје, кој навел дека бил нападнат од две лица, при што едното од нив употребило остар предмет.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на напаѓачите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран