УТРО.мк

Ѓорѓиевски испрати 140 ученици од Кисела Вода на бесплатно летување во Охрид

Ѓорѓиевски испрати 140 ученици од Кисела Вода на бесплатно летување во Охрид
Vero

140 ученици од основните училишта во општина Кисела Вода денес заминаа на седумдневно бесплатно летување во одморалиштето „Детски радости“ во Свети Стефан, Охрид.

За нивната безбедност и квалитетно поминато време ќе се грижат наставници, аниматори, рекреатори и доктор кој ќе внимава на нивното здравје.

Станува збор за проект на Општина Кисела Вода наменет за деца од социјално ранливи категории – ученици од семејства кои примаат социјална помош, еднородителски семејства или семејства со ниски приходи.

„Со оваа мерка им овозможуваме еднакви можности и радости какви што имаат и нивните врсници“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Покрај летувањето, за новата учебна година Општината обезбеди бесплатни ранчиња и училишен прибор за сите првачиња, униформи за сите основци, како и продолжување на проектот за бесплатни часови по странски јазици, компјутерска технологија и спорт.

„Продолжуваме со искрен ангажман за успешен развој на најмладите и континуирано подобрување на нивното секојдневие“, додаде Ѓорѓиевски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран