УТРО.мк

Две лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во Скопје: Откако изгубил контрола, возилото излетало од патот при што се превртело

Две лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во Скопје: Откако изгубил контрола, возилото излетало од патот при што се превртело
Vero

Денеска (14.06) во 03.00 часот во СВР Скопје e пријавено дека на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, Г.М. (54) од Скопје управувајќи патничко возило „Мазда“ изгубил контрола над возилото кое излетало надвор од патот, при што се превртело.

Во несреќата Г.М. се здобил со тешки телесни повреди додека неговиот сопатник М.М (43) се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран