УТРО.мк

Делови од Скопје денес без струја и вода

Делови од Скопје денес без струја и вода
Vero

Повеќе делови од Скопје денес ќе се соочат со привремени прекини на електрична енергија и вода, поради најавени интервенции во мрежата и отстранување дефект на водоводниот систем.

Во општина Шуто Оризари, електричната енергија ќе биде исклучена од 08:00 до 15:00 часот за жителите на улиците „Пелагонија“, „Брсјачка Буна“, „Демирхисарска“, како и за објектите на „Индира Ганди“ број 31. Дополнително, прекин е планиран и во општина Сопиште, каде што од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат делови од улиците 4 и 8 во селото Горно Соње.

Како што информира Центарот за управување со кризи на Град Скопје, овие прекини се дел од однапред закажани работи на електродистрибутивната мрежа.

Во меѓувреме, проблеми со водоснабдувањето се очекуваат во делови од општина Центар. Поради дефект на шибер со пречник од 300 милиметри на улицата „Никола Карев“ бб, од 09:00 часот без вода ќе останат жителите на истата улица, „Мирче Ацев“, делови од населбата Пролет, како и неколку јавни установи – Центарот за јавно здравје, ОУ „11 Октомври“ и една детска градинка.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопштуваат дека снабдувањето со вода ќе биде нормализирано веднаш по целосното санирање на дефектот.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран