УТРО.мк

Се трага по лице кое незаконски чувало волк во Козле: Му следува казна до 20.000 евра

Се трага по лице кое незаконски чувало волк во Козле: Му следува казна до 20.000 евра
Vero

Откако во скопската населба Козле вчера беше пронајден млад волк, случајот веднаш предизвика реакција кај надлежните институции и отвори истрага за тоа како дивото животно се нашло во заробеништво и кој стои зад неговото чување.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Полициската станица во Скопје интензивно работи на утврдување на идентитетот и локацијата на лицето кое го држело волкот. Се преземаат повеќе оперативни мерки со цел целосно расчистување на случајот.

Според важечките законски прописи, чувањето диви животни без соодветна дозвола претставува сериозно прекршување. Законот за заштита на природата строго забранува држење и размножување на диви видови надвор од пропишани услови, а предвидените санкции во вакви случаи можат да достигнат и до 20.000 евра.

Во меѓувреме, од скопската Зоолошка градина соопштија дека пронајденото животно е млад волк, во видно нарушена здравствена состојба, со знаци на неухранетост и телесна тежина од околу 25 килограми. Животното е згрижено и се следи неговата состојба.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран