УТРО.мк

Перински: Нема официјална оставка од градоначалникот на Карпош

Перински: Нема официјална оставка од градоначалникот на Карпош
Vero

Во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, министерот за локална самоуправа Златко Перински изјави дека во Министерството не пристигнало никакво службено известување поврзано со наводна оставка на градоначалникот на Општина Карпош, нагласувајќи дека последните информации што циркулираат во јавноста се базирани на претпоставки и недокажани тврдења.

Тој посочи дека институцијата што ја води нема добиено официјален документ или најавa за евентуално повлекување од функцијата од страна на градоначалникот на Општина Карпош, со што, како што рече, не може да се потврдат шпекулациите што деновиве се шират во јавниот простор.

Дополнително, Перински објасни дека практиката за именување заменик-градоначалник од редовите на советниците е законски дозволена и редовно применувана во различни општини низ земјата, без оглед на политичката припадност. Според него, во конкретниот случај станува збор за редовна административна постапка, а не за ништо што би отстапувало од законската рамка.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран