УТРО.мк

Два продолжени викенда во мај: Еве кога не се работи

Два продолжени викенда во мај: Еве кога не се работи
Vero

Граѓаните на Република Македонија во наредниот период ги очекуваат две последователни можности за одмор од работните обврски, кои доаѓаат како дел од празничниот календар и овозможуваат продолжени викенди за многумина.

Првиот неработен ден е 25 мај, кога се одбележува празникот на Светите Кирил и Методиј. Оваа година, бидејќи 24 мај се паѓа во недела, празнувањето и слободниот ден се префрлаат на следниот ден, понеделник, овозможувајќи им на граѓаните продолжен одмор на почетокот од неделата.

Нешто подоцна, кон крајот на месецот, следува уште еден неработен ден, 29 мај, петок, кој е определен како ден пред празникот Духовден. Со тоа се отвора уште еден продолжен викенд, овојпат во духот на празнувањето на еден од поважните верски датуми во православниот календар.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран