
Повеќе улици во скопската населба Драчево утре (23 јуни) ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето, информираат надлежните служби.
Според најавата, прекинот ќе трае од 10:00 до 14:00 часот и ќе ги опфати корисниците на улиците „Герника“ 1, 4, 5, 6, 7 и 8, како и дел од улицата „Сердарот“.
Од надлежните апелираат граѓаните навремено да ги организираат своите активности и да преземат соодветни мерки поради планираниот прекин во снабдувањето со електрична енергија.

















