УТРО.мк

Скопје Прајд 2026 утре под слоганот „Сите нека знаат“

Скопје Прајд 2026 утре под слоганот „Сите нека знаат“
Vero

Под слоганот „Сите нека знаат“, утре (20 јуни) во Скопје ќе се одржи Скопје Прајд 2026, настан посветен на човековите права, еднаквоста и достоинствениот живот на ЛГБТИК+ заедницата во земјава.

Организаторите информираат дека Парадата на гордоста и оваа година ќе има карактер на протестен марш, преку кој ќе бидат испратени пораки за видливост, солидарност и отпор кон дискриминацијата.

„Парадата на гордоста претставува протестен марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот на ЛГБТИК+ луѓето во Северна Македонија. Годинава маршот ќе се одржи во услови на засилени општествени и политички предизвици, со порака за видливост, солидарност и отпор кон дискриминацијата“, соопштија организаторите.

Собирот на учесниците е закажан за 18 часот кај Фонтаната во Градскиот парк, додека протестниот марш ќе започне во 19 часот.

Скопје Прајд традиционално собира активисти, поддржувачи и граѓани кои се залагаат за еднакви права, недискриминација и поголема општествена инклузија на ЛГБТИК+ заедницата.

Организаторите најавуваат дека и годинава преку маршот ќе бидат истакнати барањата за поголема заштита на човековите права, еднаков третман и создавање општество ослободено од предрасуди и дискриминација.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin