УТРО.мк

Тетовчанец за 100 евра дивеел дома и се заканувал со нож на мајката и сопругата – Обвинителството бара притвор

Тетовчанец за 100 евра дивеел дома и се заканувал со нож на мајката и сопругата – Обвинителството бара притвор
Vero

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и предложи мерка притвор за жител на тетовско Гајре заради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„На 21 јуни, при вршење семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да му дадат пари. Со намера да ги вознемири и да ги заплаши жените, започнал да ја крши покуќнината и со нож им се заканил дека ќе ги убие. Сопругата ја удирал со тупаници по телото и ја влечел за косата, нанесувајќи и телесни повреди“, соопштија од Обвинителството.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin