УТРО.мк

Повеќе делови од Тетово и околните села утре без струја

Повеќе делови од Тетово и околните села утре без струја
Vero

Повеќе населени места во тетовскиот регион утре (23 јуни) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето, информираат од електродистрибутивната мрежа.

Во Тетово, од 08:00 до 18:00 часот без струја ќе бидат објектите кои се наоѓаат во близина на маркетот Веро, спроти Спортскиот центар.

Од 09:00 до 14:00 часот прекин во снабдувањето ќе има во делови од селата Слатино, Непроштено, Сиричино и Фалише. Во Слатино без електрична енергија ќе остане дел од селото, во Непроштено делот кај салата, во Сиричино делот кај паркот, а во Фалише дел од селото во централното подрачје.

Исто така, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе биде и дел од улицата „Илинденска“ на излезот од Тетово кон Гостивар.

Дополнителен прекин е најавен и во Непроштено, каде дел од селото ќе биде без електрична енергија од 09:30 до 14:30 часот.

Од надлежните апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите активности и да ги преземат потребните мерки поради најавените прекини.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin