УТРО.мк

Автобус на ЈСП се запалил во движење – возачот итно пренесен на токсикологија

Автобус на ЈСП се запалил во движење – возачот итно пренесен на токсикологија
Vero

Денеска (21.07.2025) во 07.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП, управуван од С.Б., додека се движел по булеварот.

Огнот бил изгаснат од страна на С.Б., која што потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран