Голем дел од градот Тетово и неколку околни села утре, на 23 јули 2025 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на дистрибутивната мрежа, соопштуваат од електродистрибуција.
Прекините ќе започнат уште во раните утрински часови, околу 05:30 часот, и ќе траат до 14:00 часот во некои населени места. Без струја ќе останат следните локации:
- Блаце, Милетино и Челопек– од 05:30 до 14:00 часот
- Населби во Тетово (Фуштанска, Стара млекара и делови кај Бирото за труд)– од 09:00 до 14:00 часот
- Села Гермо и Порој– од 09:00 до 14:00 часот
- Прељубиште и Нераште– од 09:00 до 14:00 часот
- Дел од град Тетово (објекти кај УПЦ и Симпл кафе)– од 09:45 до 13:45 и од 11:00 до 13:45
Од електродистрибуција апелираат до граѓаните и бизнисите навремено да ги завршат своите обврски и да се прилагодат на прекините во снабдувањето со електрична енергија.
Граѓаните на Тетово утре ги очекува ден со ограничен пристап до струја – бидете подготвени!