УТРО.мк

ДРАМА ВО КОЧАНИ: ПОЖАР ВО КУЌА, ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ, БРЗА РЕАКЦИЈА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ

ДРАМА ВО КОЧАНИ: ПОЖАР ВО КУЌА, ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ, БРЗА РЕАКЦИЈА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ
Vero

Страшен пожар избувна денес пред 14 часот во куќа на улицата Браќа Ставреви во Кочани, при што тројца граѓани завршија во болница поради вдишување на чад. Според првичните информации, нивната здравствена состојба е стабилна и се надвор од животна опасност.

Во акцијата за гаснење на пожарот беа вклучени сите екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани, а поддршка даде и Доброволното противпожарно друштво. Интервенцијата траеше неколку часа и благодарение на навремената и координирана акција, пожарот беше целосно локализиран и изгаснат.

Причините за избувнувањето на пожарот засега се непознати. Надлежните институции најавија дека увидот на терен ќе биде извршен во најкраток можен рок со цел утврдување на околностите кои довеле до инцидентот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран