УТРО.мк

Огнен пекол кај Куманово: Пожар се приближува до селата, видлив и од градот!

Огнен пекол кај Куманово: Пожар се приближува до селата, видлив и од градот!
Vero

На територија на државата моментално се активни вкупно 29 пожари, информираа од Центарот за управување со кризи. Горат сува трева и нискостеблеста вегетација на повеќе локации, а најсериозната состојба во моментов е во липковското село Ваксинце, каде пожарот се шири и кон околните села Лојане и Речица.

Пожарот е пријавен денеска во 11:40 часот, а според командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски, две екипи се на терен од самиот почеток. Во гаснењето учествуваат три противпожарни возила и осум пожарникари. „Пожарот постојано се разгорува и локализира. Сега е активен меѓу селата Ваксинце, Лојане и Речица“, изјави Илиевски. Пожарот е видлив и од Куманово.

Меѓу активните пожари се и оние кај селото Нивичино (меѓу Василево, Радовиш и Берово), кај селото Грешница во Македонски Брод, меѓу Локвица и Крапа во истата општина, кај селото Беловиште во Прилеп, меѓу Церово и Групчин во Желино, кај селото Вакцинце во Липково и меѓу Горно и Средно Коњари во Петровец.

Под контрола се пожарите кај селата Царевиќ и Смолани (Прилеп), Латово (Македонски Брод) и кај тунелите на автопатот Е-75 во Демир Капија.

Надлежните апелираат на внимателност, особено поради високите температури и ризикот од нови пожари.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран