Иако најчесто завршува во ѓубре, кората од лубеницата е вистинско богатство за здравјето. Белата внатрешност, која обично ја тргаме, содржи низа вредни состојки што позитивно влијаат врз срцето, циркулацијата, па дури и сексуалната функција.
Највредната состојка што се крие во кората е аминокиселината цитрулин – природно соединение кое ја подобрува работата на срцето и крвните садови, поттикнува циркулација и делува како природен стимуланс. Кога ќе се апсорбира во организмот, цитрулинот се претвора во друга важна аминокиселина – аргинин, за која научно е докажано дека има корисен ефект врз кардиоваскуларниот систем.
Иако нејзиното дејство е значително поблаго, се смета дека лубеницата делува на сличен начин како познатите препарати за подобрување на сексуалната моќ.
Покрај тоа, во кората се наоѓаат значајни количества витамини B6, C и A, како и минерали како магнезиум, цинк и калиум. Оваа комбинација ја прави особено вредна за лица што сакаат да го зајакнат имунитетот или да ја подобрат енергетската рамнотежа во организмот.
Лубеницата најчесто се консумира како освежувачки овошен оброк. Но, за оние што се обидуваат да го контролираат внесот на шеќери или внимаваат на гликемискиот индекс (ГИ), препорачливо е да ја вклучат во смути заедно со белиот и црвениот дел на плодот, во комбинација со јаткасти плодови. Така се добива урамнотежен и хранлив напиток со умерен ГИ, совршен за летните денови.
Затоа, пред следниот пат да ја фрлите кората од лубеницата – размислете повторно. Можеби токму во неа се крие тајната на вашата виталност.