УТРО.мк

Правосилна пресуда за службено лице од прилепската болница за проневера од над 2 милиони денари

Правосилна пресуда за службено лице од прилепската болница за проневера од над 2 милиони денари
Vero

Основниот суд во Прилеп донесе правосилна пресуда против службено лице од ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ за кривично дело проневера во службата, соопшти Управата за финансиска полиција.

Во периодот од август 2024 до април 2025 година, обвинетиот противправно присвоил вкупно 2.110.640 денари наплатени од пациенти. И покрај тоа што ги врати средствата, судот му изрече условна затворска казна од две години, која нема да се изврши доколку во наредните четири години не стори ново кривично дело.

Од Управата за финансиска полиција истакнуваат дека случајот е дел од поширока истрага за финансиското работење на болницата и ја потврдува нивната посветеност на борбата против корупцијата и злоупотребата на јавни средства.

„Враќањето на парите не ослободува од одговорност. Правдата мора да биде еднаква за сите. Оштетувањето на јавниот буџет, особено во здравствениот сектор, е недозволиво и секој обид за прикривање претставува закана за довербата на граѓаните во институциите“, велат од полицијата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран