Битола, 9 јули 2025 – Компанијата „Нискоградба“ од Битола започна со активности за чистење на речното корито на реката Драгор, проект кој има за цел да го подобри протокот на водата, да ја зголеми заштитата од поплави и да придонесе за подобра еколошка слика на градот.
Според податоците, договорот за изведба на теренските работи изнесува 1.497.615 денари, а вкупната должина на трасата што ќе се расчистува е 3.340 метри.
Акцијата опфаќа отстранување на наталожен материјал, отпад и вегетација, што ќе овозможи полесен проток на реката и ќе го намали ризикот од излевање во урбаните делови на Битола.
Локалните власти посочуваат дека ваквите активности се дел од континуираната грижа за безбедноста на граѓаните, но и за зачувување на природната рамнотежа на реката Драгор, која претставува значаен елемент во урбаното ткиво на градот.