Голем пожар во Крива Паланка, градот зафатен од густ чад.
– Градот се наоѓа под најголема стихија, а домовите на населението се директно загрозени, изјави градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски. Градоначалникот апелира на смиреност и истовремено бара итна помош од соседните градови и од државата за справување со огнената стихија.
Надлежните служби се на терен, но поради големината и интензитетот на пожарот, потребна е дополнителна поддршка за да се заштити населението и нивните имоти, соопшти градоначалникот Сашко Митовски.
Општината со апел:
-Општината е зафатена од сериозни пожари кои се шират со голема брзина и претставуваат закана за домовите и безбедноста на нашите сограѓани. Огнената стихија се приближува до населеното место Лозаново Мораме да дејствуваме веднаш! Ги повикуваме сите граѓани што имаат можност и подготвеност – да се приклучат и помогнат во локализација и гасење на пожарите! Секоја помош е од непроценливо значење – и секој човек значи разлика, стои во апелот на општината.