УТРО.мк

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар
Vero

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.

Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста, стои во соопштението на МВР.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран