УТРО.мк

Пожарите во Македонија ја земаа втората жртва – тело на починато лице пронајдено во опожареното село Лозаново

Пожарите во Македонија ја земаа втората жртва – тело на починато лице пронајдено во опожареното село Лозаново
Vero

Тело на починато лице пронајдено во опожареното село Лозаново

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Крива Паланка пронашле починато лице во близина на пожар во селото Лозаново. Увид на местото на настанот се врши во присуство на јавен обвинител, а причините за смртта ќе бидат дополнително утврдени.

Пожарот кој го зафати Кривопаланечко веќе добива сериозни размери. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, изјави дека огнената стихија излегува од контрола и апелираше до државните институции да испратат итна помош. Тој ги повика и граѓаните да се вклучат во гаснењето на пожарите на терен.

Во меѓувреме, доцна попладнево се активираше нов пожар во Чучер-Сандево, а претходно денеска гореше и во близина на касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје.

Пожар избувна и во Дојран, каде што, според градоначалникот Анго Ангов, ситуацијата станува животозагрозувачка. Активни се пожари и во Македонски Брод, како и повторно кај граничниот премин Блаце, поради што патот и преминот се затворени за сообраќај.

Поради сериозноста на ситуацијата, вечерва е најавена седница на Кризниот штаб за справување со пожарите, која ќе се одржи во Владата под водство на премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, состанок одржува и Главниот штаб на Центарот за управување со кризи.

Институциите апелираат за смиреност, но и за внимателност и подготвеност, додека се преземаат мерки за ставање на ситуацијата под контрола.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран