УТРО.мк

Ер Трактор на ДЗС активиран за гаснење на пожарот во реонот на Визбегово

Ер Трактор на ДЗС активиран за гаснење на пожарот во реонот на Визбегово
Vero

По барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во реонот на Визбегово веќе дејствува авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за гаснење на пожарот.

Оваа акција е дел од итните мерки за справување со пожарот кој се шири во тој регион. ДЗС продолжува со интензивни активности на терен, додека ЦУК ги координира сите служби за брза и ефективна реакција.

Граѓаните се повикуваат да ја следат информациите и да ги почитуваат препораките од надлежните служби.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран