УТРО.мк

Четири активни пожари на подрачјето на Град Скопје

Четири активни пожари на подрачјето на Град Скопје
Vero

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира за повеќе активни пожари на подрачјето на Град Скопје. Пожарите зафатиле различни локации, главно поврзани со ниска вегетација и депонии, при што се ангажирани екипи за гаснење и надзор на терен.

Според официјалните податоци, гори на следниве локации:

Во Општина Чучер Сандево, во близина на црквата Св. Никита, каде што е зафатена ниска вегетација;

Во Визбегово, во општина Шуто Оризари, каде што депонијата и понатаму е активна жаришна точка;

Во близина на Станковец, во правец кон бензинската пумпа „Дизел“;

Во Волково, во општина Ѓорче Петров, повторно со пожар кој зафатил ниска вегетација.

Надлежните служби апелираат до граѓаните за внимателност и воздржаност од активности што можат да предизвикаат нови пожари, особено во услови на високи температури и суво време.

ЦУК и службите за противпожарна заштита остануваат активни на терен додека трае интервенцијата и следењето на состојбата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран