УТРО.мк

Едно лице повредено во пожарот во Визбегово, приведен е сопственикот на отпадот – откриена и причината за експлозиите

Едно лице повредено во пожарот во Визбегово, приведен е сопственикот на отпадот – откриена и причината за експлозиите
Vero

Пожар во отпад за старо железо во Скопје, до сега едно лице повредено, приведен е сопственикот

Денеска (09.07.2025) во 09.16ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот.

До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран