УТРО.мк

Општина Битола започнува реконструкција на улицата „Панде Кајзерот“ – времен режим на сообраќај од утре

Општина Битола започнува реконструкција на улицата „Панде Кајзерот“ – времен режим на сообраќај од утре
Vero

Од утре, улицата „Панде Кајзерот“ во Битола влегува во фаза на реконструкција, поради што ќе биде воведен времен режим на сообраќај. Проектот опфаќа комплетна реконструкција на канализационата мрежа и на коловозот на делница во должина од 390 метри.

Градежните работи ќе се одвиваат според одобрен основен сообраќаен проект, со што ќе се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот за време на реализацијата.

Од Општина Битола ги замолуваат граѓаните за трпение и разбирање, со препорака внимателно да го следат поставениот сообраќаен режим и привремената сигнализација.

Проектот е дел од поширокиот план на општината за подобрување на урбаната инфраструктура и квалитетот на живот во градот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран