УТРО.мк

Илиевски: Започна асфалтирањето на локалната улица во Милетино, инвестиција од Владата и Општина Брвеница

Илиевски: Започна асфалтирањето на локалната улица во Милетино, инвестиција од Владата и Општина Брвеница
Vero

Градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски, информираше дека започна асфалтирањето на локалната улица што води од Алумина до Домот во населено место Милетино. Со овој проект, жителите кои живеат во овој дел од општината ќе добијат полесен пристап до своите домови.

Проектот опфаќа вкупна должина од 1684 метри, од кои 964 метри се финансирани преку проект поддржан од Владата, додека останатите 720 метри – вклучително и дел од главната улица и нејзините два крака – се финансирани од буџетот на Општина Брвеница.

„Градежната офанзива продолжува – работиме посветено на подобрување на животот на нашите сограѓани во сите населени места“, истакна градоначалникот Илиевски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран