Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, донесе одлука за помилување на шест осудени лица, со што тие се целосно, делумно или условно ослободени од издржување на затворските казни, дознава 4NEWS.mk.
Помилувањата се реализирани согласно уставните и законски овластувања на Претседателот, а одлуката стапи на сила веднаш по нејзиното потпишување. Целосниот текст е објавен во Службен весник бр. 139 од 10 јули 2025 година.
Списокот на помилувани:
Марија Драгиша Филиповиќ од Куманово – три месеци затвор ѝ се заменуваат со условна казна во траење од една година.
Љубица Стеван Стојчевски од Скопје – целосно ослободена од извршување на затворската казна.
Тони Милан Стојчевски од Скопје – целосно ослободен од извршување на казната.
Мете Мехметали Пашај од Чоровод – ослободен од понатамошно издржување на преостанатиот дел од затворската казна.
Милан Никола Косановиќ од Белград, Србија – делумно ослободен од преостанатиот дел од казната во траење од три месеци.
Васе Ѓоко Чутров од Неготино – делумно ослободен од понатамошно издржување на три месеци од затворската казна.
Од Кабинетот на Претседателката соопштуваат дека сите одлуки се донесени по претходна правна постапка и во согласност со критериумите утврдени со Законот за помилување.
Извор: 4NEWS.mk